Сантос Блуз
Не ја сакам зимата во Македонија. Посебно кога знам дека за неколку недели, додека...
Also Available in:
- Amazon
- Audible
- Barnes & Noble
- AbeBooks
- Kobo
More Details
Не ја сакам зимата во Македонија. Посебно кога знам дека за неколку недели, додека тука ќе има метар снег, а потоа и растопена грда снежна маса испомешана со кал, јас ќе бидам таму далеку каде што во јануари има метар коктели на плажа.“ „Сантос блуз“ е првиот книжевен наслов на Ненад Алексовски, една мошне динамично раскажана „отплата“ на личниот долг кон повеќе страсти истовремено: патувањето, музиката, театарот... Овој можен портрет на модерниот номадизам (географски, професионален и емоционален) има хибридна форма на дневник, патопис, роад-роман и блуз-проза. Како што вообичаено се повторуваат првите два стиха во блузот, така се повторуваат и деновите, месеците,.. времето во оваа лесно читлива новела за не толку лесните нешта во нашите животи. „Сантос блуз“ ги сецира моментите кога чувството на едно големо „ништо“ се трансформира во моќна инспирација.
- Format:Paperback
- Pages:107 pages
- Publication:2021
- Publisher:Арс Ламина
- Edition:
- Language:mkd
- ISBN10:608267328X
- ISBN13:9786082673288
- kindle Asin:608267328X









