Kuća mrtvih mirisa
Некаде на Балканот, некаде во Србија, во мало гратче, паланка, постои една куќа -...
Also Available in:
- Amazon
- Audible
- Barnes & Noble
- AbeBooks
- Kobo
More Details
Некаде на Балканот, некаде во Србија, во мало гратче, паланка, постои една куќа - куќата на мртвите мириси. Во неа живее необичен човек: Гедеон Волни, син на познат и угледен професор по музика и музичар. Синот, за чудо, нема слух, но затоа има развиен нос: има назална меморија, страст кон цвеќиња и хербариуми и конечно - страст кон мириси: тоа се оние мириси што колоквијално ги викаме - парфеми и што се чуваат во стаклени, разнобојни шишенца. Тој, синот Волни ја има најмистериозната и најбогатата колекција на нешта на светот: во неговата колекција се наоѓаат примероци на мириси од прапочетокот на историјата на човештвото до денес. Тука, во таа провинција на сите светски провинции, се наоѓа еден вид мундијална, олфактилна Александриска библиотека: тое е архива на знаењето за сите народи и цивилизации, и тоа преку „најживиот“ и „најсовршениот“ знак до сега - мирисот...
Приказната е мирна, без многу пресврти, речиси статична. Сепак, како кај сите големи мајстори на перото, на крајот доаѓа пресвртот: по смртта на Волни, неговата мистериозна колекција е ставена на еден вид светска колекција. Чудните светски „струњаци“, праматари и трговци доаѓаат да ја испитаат, утврдувајќи дека во шишенцата нема ама баш ништо...
Венко Андоновски
- Format:
- Pages:237 pages
- Publication:
- Publisher:
- Edition:
- Language:
- ISBN10:
- ISBN13:
- kindle Asin:B0DTS4L17K









